Дваесет и едногодишен маж ја повредил мајка си, а кога дошла полицијата, синот почнал да мава со камења, а се заканил и дека ќе фрли бомба.
-На 07.04.2018 година во 14,00 часот во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од с.Сенокос пријавила дека од страна на нејзиниот син А.А. (21) и била нанесена повреда. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и во дворот од семејната куќа ги затекнале пријавителката и нејзиниот сопруг како разговарале со лицето Н.И во врска со настанот. Потоа А.А. почнал да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници и неговите родители, а во еден момент почнал да фрла со камења кон нив. Од нивна страна А.А. бил предупреден да престане, но истиот продолжил и се заканувал дека ќе фрли бомба. А.А. бил приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.