Симовски: Се случи техничка грешка и не можеме да го вратиме филмот назад

by Fokus

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вечерва во Тема на денот на Сител се осврна на податоците од верската определба и техничката грешка која ја искорегирале.

– Во однос на верската определба искорегиравме една техничка грешка која што ја направивме првиот ден на објавување на соопштението. Ни се промакна да не забележиме дека сме направиле пермутација во полето за атеисти и евангелисти методисти. Луѓе сме и ние од крв и од месо и може да се погреши а човечки е и да си ја признаеме грешката и да се извиниме. Апсолутно ни е жал што настана таква грешка и затоа си ја признаваме и се извинуваме. Не сакавме тоа да се случи, меѓутоа се случи, не можеме да го вратиме филмот назад, рече Симовски.

Поврзани новости