Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 демантираше дека за оние 132.000 граѓани кои беа попишани преку базатите на податоци, податоци за етничката припадност може да се извлечат од личните карти.
Тој покажа барање за лична карта од МВР кое се поднесува при вадење на лична карта во кое нема податок за етничка припадност.
-Членот 5 кажува како се спроведува пописот, дека е со комбиниран метод: податоци од терен и податоци од дата базите на институциите. Она што не може да се обезбеди од дата базите се етничката припадност, мајчиниот јазик, јазикот кој се користи во домаќинството и вероисповест.
Не е точно дека во Законот за лични карти се наведува етничката припадност. Се направи фама во јавноста, дека во барањата за лични карти има ваков податок, еве, нема. Ги донесовме барањата за да покажаме дека се манипулира, рече Симовски.