Симовски: Оние кои бојкотираа се изманипулирани

by fokus

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека бројката од 132 илјади граѓани кои не учествувале во пописот не е неочекувана ако се земат предвид сите работи и оти тој очекувал овој број да биде и поголем. Една од причините, како што рече, е и бојкотирањето на пописот.

Тој истакна дека пописот е спроведуван во временски период кој е несоодветен за попис, кога нашето население користи годишни одмори, во состојба со ковид-19, а пред и затворени граници, пораади коине можеше да се оди на одмор, кога се интензивни земјоделски работи на нива, но и немарноста на луѓето… Нагласи дека попишувачите не можеле да ги најдат овие луѓе, иако им оставале пораки.

-Дадовме можност на сите. Последните 10 дена од пописот отворивме пунктови каде секој кој по било кој основ не е опфатен, да се попише, рече Симовски за Канал 5.

За повиците за бојкот на пописот, директорот на Државниот завод за статистика изјави дека нема информации дали некој одговарал кривично или прекршочно.

-Не би сакал никој од граѓаните да одговара. На крајот на краиштата, тие кои се одѕваа на повикот за бојкот беа изманипулирани граѓани. Клучен е тој што повикуваше на бојкот, инаку граѓаните беа жртви и мислам дека сега сфаќаат, рече Симовски.

Според него, оние што повикуваа на бојкот постигнаа, но не исклучиво само заради тоа, да имаме еден контигнент на население за кое немаме информации.

 

Поврзани новости