358
Силвио Берлускони, медиумски магнат и поранешен премиер на Италија, повторно е хоспитализиран во миланската болница „Сан Рафаеле“.
Берлускони (86), кој трипати ја водеше италијанската влада, помина 45 дена во болница каде се лекуваше од белодробна инфекција поврзана со хронична леукемија на која претходно му беше дијагностицирана и беше отпуштен на 19 мај.
Сега повторно е хоспитализиран, но не се знае од која причина, пренесува италијанската агенција Анса.