519
Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска треба да утврди листа на пријавени кандидати по одлуката за објавување на јавниот оглас за избор на претседател и на членови на Државната изборна комисија.
На огласот, што заврши во понеделникот, се пријавиле педесетина кандидати меѓу кои и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева.
Во досегашниот состав на ДИК имаше девет членови, од кои тројца преставници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца од опозицискиот СДСМ и тројца независни.