0
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот жител на Радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.