Силувана и убиена 19-годишна девојка во Германија

by Fokus

Минатиот викенд, ноќта меѓу саботата и неделата во градот Брамше, во германската покраина Долна Саксонија е силувана и убиена 19-годишната Милена О.

20-годишниот Џоел Г., голман на локален фудбалски клуб, е осомничен за нејзиното убиство.

Милена била на забава, а по неа започнала потрага откако останатите забележале дека ја нема подолго време. Таа била пронајдена тешко повредена на ливада во близина на локалот, но набрзо починала од повредите. Обдукцијата утврдила дека била силувана и убиена, а Џоел е уапсен, пишуваат германските медиуми.

Околу 150 луѓе имало на роденденска прослава во Брамше, а околу 1:30 часот по полноќ Милена била пријавена за исчезната. Некои гости тргнале во потрага и еден час подоцна ја нашле со тешки повреди.

Се обиделе да ја реанимираат, но таа починала од повредите.

Вчера осомничениот за убиството беше изведен пред судијата, но не сакаше да ја признае вината. Полицијата не објави повеќе детали за потеклото на Милена.

 

Поврзани новости