Силно невреме зафати дел од Германија – сообраќајот во хаос, поплавени бројни улици

by Fokus

Германската метеоролошка служба (DWD) веќе прогласи четврто ниво на метео предупредување за јужниот дел на Баден-Виртемберг во средата.

Силно невреме вчера погоди делови од Германија. Под вода беа многубројни улици, подруми и возила, а потопен беше и стадионот. Противпожарната служба во Хамбург истакна дека за само неколку часа имало повеќе од 600 интервенции. Паднатите гранки и дрвја предизвикаа сообраќаен метеж, а железничката рута меѓу Хамбург и Бремен беше затворена.

Во Дрезден гром удри во супермаркет, поради што на неколку луѓе им се слоши. Жена и маж се пожалиле на главоболки и мачнини“, истакнаа пожарникарите. Имено, ударот предизвикал дефект во системот за ладење и хемиски мирис се проширил низ супермаркетот, пишува списанието Fenix.

Во Детмолд во Северна Рајна Вестфалија за краток период наврнаа и до 100 литри дожд на метар квадратен. Над североисточниот дел на градот избувна невреме со грмотевици. Околу два километри федерален автопат 239 беа поплавени, а водата беше висока околу 60 сантиметри на обиколницата. Удар на гром во полусамостојна куќа предизвика голема штета во Илменау.

Германската метеоролошка служба (DWD) веќе во средата прогласи четврто ниво на метео предупредување за јужниот дел на Баден-Виртемберг. Таму беа прекинати неколку железнички линии, како и делот меѓу Хербертинген и Олендорф.

 

Поврзани новости