1.1K
Силен и пороен дожд вечерва поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола.
Краткотрајниот, но обилен дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќајот.
Во текот на вчерашниот ден, во Битола исто така падна пороен дожд и предизвика штети врз земјоделските површини во битолско поле, кои локалната самоуправа по извршен увид и проценка, ќе ги обесштети.
Фото – ТВ 21