Во невремето што го зафати источниот дел на Австралија две лица загинаа, а во Квинсленд 100.000 домови останаа без струја.
Полицијата на државата Викторија потврди дека еден маж починал утринава кога врз него паднала гранка од дрво на неговиот имот во Карингал.
„Брзата помош веднаш интервенирала, но мажот починал на лице место“, се наведува во полициското соопштение, пренесува Гардијан.
Претходно, Брзата помош во Квинсленд потврди дека една жена загинала кога врз неа паднало дрво во Хеленсвејл, во понеделникот.
Силно невреме ги зафати сите три држави во источна Австралија во понеделникот, а службите за итни случаи потврдија дека примиле повеќе од 1.200 повици за помош.
Надлежните издадоа предупредување дека доаѓа уште посилно невреме.
The morning after Pacific Pines Gold Coast https://t.co/aZGM22pQjj pic.twitter.com/dJNSNPZS3P
— Craig Marshall (@GoldCoastEel) December 25, 2023