Силно невреме откорна покриви и дрвја во Словенија

by Fokus

Големи делови на Словенија синоќа ги зафати силно невреме со налети на ветер кој достигна брзина од над 100 километри на час и откорна кровови на куќи и собори дрвја, а илјадници домаќинства останаа без струја.

Невремето стигна до северна Словенија доцна попладне и се подели на два дела – првиот се упати кон Марибор и Целје, додека вториот се движеше низ централна Словенија кон Долењска, Кочевска и Бела Краина.

Според податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО), ветерот во Кредарица достигнал брзина од 164 километри на час, а во Крвавац 136 километри на час. На многу места, итните служби биле на терен. Според податоците на Управата за заштита и спасување на Словенија, силниот ветер откорнал покриви на станбени и деловни објекти во општините Целје, Лашко, Рогашка Слатина, Словенске Коњице, Шенџур и Велење. Соборени се и неколку електрични столбови, кои го прекинаа снабдувањето со електрична енергија.

Околу 21.700 корисници во моментов се без струја на територија на Електро Љубљана, а без струја се и неколку илјади потрошувачи на територијата на Електро Марибор.

Поврзани новости