629
Силно невреме проследено со дожд и град го погоди островот Крит и јужните делови на континентална Грција.
Улиците се прекриени со мраз како сред зима, а како што пренесуваат грчките медиуми, покрај тоа што градот ги уништи маслинките и разните овоштарници, настрадале и голем број на птици.
Во Неа Аликарнасос на Крит, голем број на автомобили биле потопени, а на некои улици нивото на водата се искачило на 80 сантиметри.
Жителите на Родос, Санторини и Наксос биле сведоци и на неколку торнада кои се појавиле над морето.