Две лица го загубија животот во силното невреме кое што зафати големи делови од Бугарија.
Полицијата соопшти дека еден маж загинал кога неговото комбе удрило во паднато дрво на главниот булевар во Софија, додека една жена загинала во Варна кога била погодена од гранка која паднала од дрво.
Силните ветрови и обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа големи штети и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во градовите и селата, соопштија властите.
Община Варна обяви #бедствено положение във връзка с ураганния вятър в града и региона.
Общината призовава хората да останат по домовете си.
Оранжев код за #опасно силен #вятър е обявен за Източна България днес.Снимки: Красимир Кръстев/БТА pic.twitter.com/Wh2Gng17tp
— Българска телеграфна агенция (@BTAnewsBG) November 19, 2023
Жителите на источна Бугарија, која беше најтешко погодена од невремето, изјавија дека никогаш не доживеале вакво невреме, пренесува АП.
Во црноморскиот град Варна е прогласена вонредна состојба поради дожд и снег пропратени со бурни ветрови.
Градските власти соопштија дека е нарушено снабдувањето со електрична енергија во сите општини во Варна и дека клучните улици се блокирани од паднати дрвја и гранки и ги повикаа граѓаните да останат дома и да ги користат автомобилите само во итни случаи.
Меѓународниот аеродром во Варна е отворен, но има одложени и откажани летови.
Бугарските метеоролози денеска издадоа предупредување за тешко време за поголемиот дел од источна Бугарија, наведувајќи дека ударите на ветерот ќе достигнат брзина од 125 километри на час.