Невреме, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер и грмотевици, вечерва ја зафати Албанија. Во Тирана, Валона, Леже и неколку други градови улиците се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на својот фејсбук-профил вели дека тимовите за итни случаи работат на нормализирање на ситуација во градот.
„Веќе неколку часа нашите тимови се на теренот, работат на нормализирање на ситуацијата. Поројните дождови донесоа кршење и паѓање на некои дрвја, но благодарение на напорната работа тимовите за итни случаи, секој пат и секоја област се држат под контрола. Блиску сме до секој граѓанин на кој му е потребна помош. За какви било проблеми пријавете на апликацијата ‘Моја Тирана’ или јавете се на 112“, пишува Велиај.