Силно невреме го погоди Охрид, град со големина на орев падна и во Кичево

by Fokus

Силно невреме проследено со дожд и град со големи на орев го погоди Охридско – струшкиот регион.

Од УХМР информираат дка регионот бил зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Силно невреме го зафати и кичевскиот регион.

Од Центарот за управување со кризи велат граѓаните каде што гледаат критични точки од поројот или попречување на пат да пријават на 112 или во Општината, а и директно во локалните комунални претпријатија, додека за испумпување вода во Пожарна и Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани новости