Силно невреме ги погоди Австрија и Франција

by vlatko 17:24
17:24

Силно невреме со обилни врнежи и урагански налети на ветер предизвика сериозни проблеми во делови од Австрија, а последиците се почувствуваа и во Виена.

Најтешко беше погодена Долна Австрија, каде што за само кратко време беа поплавени улици и подруми, а ветерот корнеше дрвја и предизвикуваше материјална штета.

Во областа Брук ан дер Лајта состојбата била особено тешка. Противпожарната служба до утрово примила околу 400 повици за помош, главно поради поплавени објекти, паднати дрвја и други последици од невремето.

Во Хаслау ан дер Донау пожарникарите спасувале патници од возило кое било зафатено од надојдена вода. Во Марија Еленд дрво паднало врз куќа, додека во Швадорф и Енцерсдорф ан дер Фиша биле оштетени покриви, а на повеќе места биле искорнати дрвја.

Шефот на окружната противпожарна служба, Кристијан Едлингер, изјавил дека на еден од патиштата се превртел камион, додека силниот ветер поместувал и возила од коловозот.

Слични вести