Првите километри од автопатот Прилеп-Битола се очекуваат следната година, вели Николоски

by vlatko 16:53
16:53

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со засилено темпо, а првите целосно завршени километри од трасата се очекува да бидат готови во текот на 2027 година, додека крајниот рок за завршување на целиот автопат останува крајот на 2029 година, информираше министерот за транспорт Александар Николоски, при посетата на Прилеп.

-Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола-Прилеп – изјави Николоски.

Тој нагласи дека првите километри што ќе бидат пуштени во функција треба да бидат целосно завршени, односно да ги имаат сите предвидени елементи на автопатската инфраструктура.

-Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2029 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, значи во две насоки, три плус три ленти со изградени помошни патишта, ги очекувам веќе следната година – рече Николоски.

Слични вести