Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

by Fokus
  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување;ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

Франкфурт на Мајна, 15 мај 2023 г. – ПроКредит групацијата, која е активна пред сè во Југоисточна Европа и Источна Европа, забележа значајно подобрен финансиски резултат од 29,5 милиони ЕУР во првото тримесечје.Повратот на капиталот, според тоа, беше на многу подобрено ниво од 13,3%, што е во согласност со среднорочните цели на групацијата.Kоефициентот на трошочна ефикасност, со 59,7%, остана приближно на нивото од претходната година, но се подобри значајно за 2,5 процентни поени до 57,0% по усогласувањето за непериодичните ефекти.

Резултатот беше поттикнат пред сè од тековното позитивно движење на нето каматната маржа и стабилните показатели за кредитниот ризик, што придонесоа до низок општ трошок на ризик од 12 основни поени.Покрај тоа, ПроКредит Банка Украина имаше умерен придонес кон заработката, иако повратот на капиталот, без придонесот кон резултатите од Украина, исто така беше на солидно ниво од 11,6%.Кредитното портфолио забележи благ пад од 0,8%, додека, пак, депозитите го продолжија позитивниот тренд од претходните години и забележаа раст од 0,6%.CET1 коефициентот изнесуваше 14,1%, што е 0,7 процентни поени повисоко од нивото на крајот на 2022 година, што е делумно поттикнато до дополнителното зголемување на ефикасноста на RWA.

Кредитното портфолио се намали за 47 милиони ЕУР, односно 0,8% (Q1 2022: + 105 милиони ЕУР или 1,8%), пред сè поради валутните ефектии целното намалување на портфолиото во Украина.Депозитите се зголемија за ЕУР 35 милиони или 0,6% (Q1 2022: 25 милиони ЕУР или 0,4%), што може да се припише особено на физичките лица.Во споредба со претходниот годишен период, односот меѓу депозитите и кредитите се зголеми значајно за речиси 13 процентни поени на солидно ниво од 104,3% (Q1 2022: 91,5%), особено поради силната динамика на раст на депозитите во текот на последните дванаесет месеци.

Силната профитабилност во областа на среднорочните цели ги нагласува добриот потенцијал за заработувачка на групацијата и одржливоста на деловниот модел

Тримесечниот резултат на групацијата од 29,5 милиони ЕУР беше значајно повисок во споредба со претходната година (Q1 2022: -1,4 милиони ЕУР) и соодвествуваше на солиден поврат на капиталот од 13,3%.Приходите од работењето се зголемија за 16,1 милиони ЕУР или 20,7% на 93,7 милиони ЕУР (Q1 2022: 77,7 милиони ЕУР), што се должи на повисоките нето приходи од камати како и на повисоките нето приходи од надоместоци и провизии.Сите банки на ПроКредит, вклучувајќи ја ПроКредит Банка Украина, имаа позитивен придонес за овој резултат.

Нето приходите од камати се зголемија за 15,3 милиони ЕУР или 25,3% до 75,4 милиони ЕУР (Q1 2022: 60,2 милиони ЕУР).Нето каматната маржа се зголеми за приближно 50 основни поени во споредба со истиот период во претходната година, растејќи до 3,4% (Q1 2022: 2,9%) како резултат на стабилните кредитни маржи и повисоките клучни каматни стапки.

Со 14,0 милиони ЕУР, нето приходите од провизии и надоместоци беа 10,9% повисоки од нивото од претходната година (Q1 2022: 12,6 милиони ЕУР).Приходите од трансакциите и кредитни картички се развиваа особено позитивно.Нето другите приходи од работењето се намалија за 0,5 милиони ЕУР поради непериодичните позитивни ефекти во периодот на претходната година, што придонесе 4,3 милиони ЕУР кон вкупната заработувачка (Q1 2022: 4,9 милиони ЕУР).

Трошоците за вработените и административните трошоци се зголемија за 10,0 милиони ЕУР, што резултираше со мало зголемување на коефициентот на трошочна ефикасност за 0,5 процентни поени на 59,7% (Q1 2022: 59,1%).Зголемувањето на трошоците за вработените и административните трошоци се должеше, пред сè, на повисоките трошоци за вработените, ИТ, маркетинг и патните трошоци, како и на вонредните расходи за советодавни услуги во врска со планираната конверзија на правната форма.Исклучувајќи ги непериодичните ефекти, коефициентот на трошочна ефикасност се подобри за 3,5 процентни поени на 57,0% (Q1 2022: 59,5%).

Резервирањата за загуби беа на ниско ниво од 1,9 милиони ЕУР (Q1 2022: 35,6 милиони ЕУР), што се должи на добриот и стабилниот квалитет на портфолиото на банките.Ова соодвествува на трошок за ризик од 12 основни поени, што е приближно во согласност со просечното ниво во последните шест години (со исклучок на резервирањата за Украина во 2022 година).Дополнителните усогласувања од менаџментот што се резервирани во претходната година се целосно задржани во првото тримесечје на 2023 година.На ниво на групацијата, уделот на неисплатените кредити забележи мало намалување од 3.3% на 3.2%.Со исклучок на Украина, овој показател, исто така, се намали од 2.4% на 2,3%.

 

 

 

Поврзани новости