Чешка синоќа ја погоди силно невреме, што во некои делови од земјата беше проследено со град, а на повеќе места се предизвикани големи штети и има прекин во сообраќајот, јави ДПА.
Ветерот достигнал брзина и до 130 километри на час, соопшти чешкиот Хидрометеоролошки завод.
Засега нема извештаи за жртви.
Локалните противпожарни служби забележале повеќе од илјада повици. Соборените дрвја оштетиле автомобили и блокирале патишта и железници.
-Областа што беше зафатена од невремето денеска почна да се чисти, изјави портпаролот на противпожарната служба.
Во квартот Троја, во Прага, невремето оштети камп со шатори наменети за бегалците од Украина. Дел од лицата сместени таму со автобус се пренесени на безбедно место.
ДПА претходно вечерта јави и за 30 до 40 повредени лица во торнадото во градот Падерборн, во западниот дел на Германија.