Силниот ветер откорна покрив на зграда во Куманово

by fokus

Силниот ветер оштети покрив на зграда во центарот на Куманово. Општинскиот инспектор за домување, денеска врши увид на оштетен покрив кој е надвиснат над зграда во центарот на Куманово.

Просторот е ограден со полициска лента која укажува на опасност. Вчера интервенираше и кумановската противпожарна единица. Покривот е подигнат и преклопен.

– Наша екипа интервенираше вчера. Во текот на денот ќе мора да се санира овој покрив, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Од општинскиот инспекторат за домување на Куманово велат дека ќе се изврши увид на местото на настанот и ќе се констатира дали зградата е управувана согласно Законот за домување, дали има управител или заедница на сопственици.

Поврзани новости