Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а неколку лица се повредени, јавува Би-би-си.
Авионот „Боинг 777-300ER“ кој летал за Сингапур бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението за печатот на авиокомпанијата.
Сингапур ерлајнс објави дека летот SQ321, кој летал од Лондон Хитроу до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.
„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден фатален во Боингот 777-300ER. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.
Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти во Тајланд за да им ја пружат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.