Силни пораки на Макрон и Меркел за Македонија

by Fokus

Канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, денеска ги пречекаа шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, плус Словенија и Хрватска, на состанокот посветен на регионот, на кој присуствува и делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев.

Веднаш после церемонијата на пречекот, канцеларката на СР Германија Меркел и Претседателот на Франција Макрон, заради големиот интерес на медиумската јавноста, одржаа прес конференција на која ги соопштија причините за свикување на овој Самит за Западен Балкан во Берлин.

Меркел и Претседателот на Франција Макрон ја истакнаа Република  Македонија и Договорот од Преспа со кој беше решен спор со Грција што ги откочи евро-атлантските процеси во земјата и стана модел за решавање на отворени прашања.

Поврзани новости