Силни експлозии во Одеса, жесток напад од Русија трет ден по ред

by Fokus

Русија трета ноќ по ред го нападна јужниот пристанишен град Одеса, соопштија украинските власти. Најмалку две лица се повредени во нападите, објави за Телеграм Олех Кипер, шеф на воената администрација во регионот.

“Најмалку осум руски авиони Ту-22М3 „летаа во правец на Црното Море“, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили.

„Не го игнорирајте предупредувањето од воздух!“, објавија рано утрово на Телеграм. Тој ги предупреди воздухопловните сили дека руските крстосувачки ракети се „лансирани во правец на регионот Одеса“. Екипата на Си-Ен-Ен на теренот беше сведок на огромна експлозија и слушна звук од втора експлозија.

Украинската армија соопшти дека соборила пет крстосувачки ракети и 13 самоубиствени беспилотни летала лансирани од руските сили во текот на ноќта кон јужните региони Миколаев и Одеса, соопштија од украинските воздухопловни сили, објави Ројтерс.

Тие наведоа дека Русија истрелала вкупно 19 крстосувачки ракети и 19 беспилотни летала, но не прецизираа точно каде погодиле преостанатите ракети и беспилотни летала.

Поврзани новости