596
Најмалку 18 луѓе се повредени, а двајца починати, во експлозија во четирикатна зграда во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти.
За време на експлозијата во зградата се реновирало.
Четири лица се испратени во болница, еден е во критична состојба.
Градоначалникот Хозе Луис Мартинез Алмеида вели дека причините за експлозијата сѐ уште не се познати.
-Нешто се работело во зградата – кратко рече градоначалникот.
Најголем дел од повредените имаат само лесни телесни повреди.