Силна експлозија во Крајстчрч

by lali

Во силна експлозија на гас во Крајстчрч, каде што пред четири месеци имаше смртоносни напади во две џамии, повредени се шест лица, а десетици жители се евакуирани од своите домови.

Властите соопштија дека станува збор за експлозија на гас, а истрагата е во тек.

Според полицијата, експлозијата претствува „сериозен инцидент“.

Во две џамии во Крајстчрч пред четири месеци напаѓач уби 51 лице и рани десетици.

Поврзани новости