483
Силна експлозија oдекна денеска во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесува АФП. Засега не е познат точниот број на жртви, но Би-би-си наведува дека многумина загинале. Експлозијата се случила за време на петочната молитва.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника и страв. Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се потврдени седум жртви.