Силк Роуд Банка АД и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со меморандумот банката се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе одвојува по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе се искористуваат периодично, зависно од секоја поединечна потреба за набавка на материјали на Клиниката. Во првиот циклус, собраните средства ќе бидат употребени за целосно обновување на постелнините за сите креветчиња на Клиниката за детски болести во Скопје.
„Горди сме што со овој долгорочен проект Силк Роуд Банка станува партнер на Клиниката која има најблагородна улога – грижа за здравјето на најмладите. Надежите на сите наши вработени се насочени кон тоа со идните донации да ѝ помогнеме на Клиниката во унапредувањето на условите за што попријатен престој и што побрзо оздравување на секој нејзин пациент. Убедени сме дека сите заедно ќе успееме во тоа“, рече Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.
Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во земјата. На клиниката се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на педијатријата, а се изведуваат и образовна, научно-истражувачка дејност и усовршување на медицинскиот кадар. Минатата година на оваа клиника биле хоспитализирани над 7400 деца, а повеќе од 54000 деца добиле амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа. Во просек дневно на клиниката се спроведуваат и до 10.000 различни здравствени анализи и испитувања.
„Ваквите долгорочни проекти за нас се од особено значење, зашто ни овозможуваат ефикасно тековно планирање во работењето, но и во плановите за унапредување на целокупните услови во Клиниката и нејзин постојан развој. Силк Роуд Банка станува значаенчлен на семејството на поддржувачи на Клиниката и ние им посакуваме добредојде, и во име на вработените и во име на нашите пациенти“, изјавид-р Катерина Ставриќ, директор на Универзитетската клиника за детски болести.
Силк Роуд Банка има развиени општествено одговорни активности, учествувајќи во поддршка на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и во помошта на жителите на с. Стајковци кои беа погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.
Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.