Силјановска застана зад изјавите на Ковачев против Македонија, АСНОМ, Миладинови и македонската култура, велат од СДСМ

by Fokus

Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ДПМНЕ застана зад изјавите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев против Македонија, АСНОМ, Миладинови, против македонската култура, велат од СДСМ.

„Ковачев е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик и култура, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата. Тој отворено зборува дека Македонија е вештачка држава, создадена од Коминтерната, дека македонски народ не постои, а АСНОМ е столб на антибугарството. За Ковачев, браќата Миладинови не напишале Зборник туку „Бугарски народни песни“, за него сите македонски дејци се Бугари“, посочуваат од СДСМ.

Како што додаваат, јавноста очекува одговори од Силјановска.

„Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува. Со ДПМНЕ и Силјановска не е е можна никаква позитивна промена туку само полошо“, завршуваат од СДСМ.

Поврзани новости