484
Професорката Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на Телма изјави дека се чувствува засрамено поради начинот на кој е изгласан Законот за употреба на јазиците при што не биле почитувани процедурите.
-Процедурата е гаранција за демократијата. Првото прекршување е уште на почетокот на процеспот, владата го испраќа предлог закон со европско знаменце, а за тоа мора да се наведе која европска директива со која се усогласува законот. Џафери требаше да го врати законот на влада поради европското знаменце на него. Требаше да се тргне европското знаме од него,затоа што тоа е важно за земји кандидати за да не се злоупотребува, рече Силјановска Давкова.