Силјановска за својот сопруг: Благоја е љубовта на мојот живот, заедно сме од трета година гимназија

by fokus

Професорката, Гордана Силјановска, која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговори на коментарите во врска со нејзината изјава каде вели дека со сопругот се запознала кога била во врска со друг маж. Таа појаснува дека не станува збор за маж, туку за дечко во нејзините тинејџерски денови.

„Не знам како, но се случи едно недоразбирање, па мојот (бивш) дечко стана маж – што вознемири многу малограѓански духови. Веројатно нешто вакво не би му се случило на машки кандидат за претседател, но еве сепак да појаснам.

Благоја е љубовта на мојот живот, човекот со кого сум во брак триесетина години. Заедно сме од трета година гимназија, но се зедовме дури по десет години. И не зажаливме!

Се надевам сега можеме да се занимаваме со суштински работи, важни за сите нас и за нашата Македонија“, напиша Силјановска.

Поврзани новости