Силјановска за „Скопје 2014“: Ве молам да не ми давате наследство што не сум го креирала

by fokus

Гордана Силјановска во вечерашната дебата на ТВ 24 со Никола Димитров му порача да не и наметнува наследство што таа не го креирала, откако тој ги спомена спомениците кои ВМРО-ДПМНЕ ги градеше.

-Јас не негирам дека Преспанскиот договор е реалност и дека новото име е реалност. Јас само кажувам дека еден договор не е донесен со согласност со нормите. Ние имавме важечи референдум во 1991 година. Само референдум со повисок резулатат може да го поништи тој референдум. И ќе ве замолам, јас сум се изразила за мојот став за спомениците и ве молам да не ми давате наследство што не сум го креирала, рече Силјановска.

Поврзани новости