За политиката мислев дека не е мојот свет, но политиката може да биде украдена од многу мал број на луѓе кои мислат дека е нивна. За нешта што се наш живот, наш идентитет, во Република Македонија решаваат неколкумина, рече Гордана Силјановска Давкова на 18.Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
– Можеби имате заблуда во личностите, но политиката ако не е уметност на можносто може да ја загрози не само државноста, туку како што вели еден умен британски лорд, таа може да расипе и да корумпира. Многу моќ е опасна, трагајте по авторитет и поделба на влста, барајте противтежа, оти тоа ќе доведе до вистински одлуки – говореше кандидатот за претседател на државата.
Таа додаде дека името е најсилниот знак, а со овој знак се создадени мали и големи нации.
– Јас не велам дека ние треба да зборуваме за етнос, мислам на сите граѓани, но правото од АСНОМ значело тогаш на ослободување на „Македонија“. Сите народи на Баканот ова право го оствариле во 19 и 20 век. Лигата на Народите неславно заврши затоа што не водеше сметка за правата на малите нации, рече Силјановска Давкова.
Таа додаде дека ќе најде многу правни причини за оспорување на тоа што се случуваше за промена на името на Македонија за внатрешна употреба.