Не сум само претставник на Македонците, добив поддршка и од српските, турските, ромските и другите граѓани, вели претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, во интервју за српски „Екпрес“. Според неа СДСМ сака да креаира слика дека нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, има поддршка од Албанците, но, додава, тоа ќе се види уште во првиот круг.
-Идејата е мене да ме претстават исклучиво како претставник на Македонците, а притоа забораваат дека јас веќе ја добив поддршката од бојните партии и здружувањето на српските, турските, ромските и другите граѓани. За разлика од процедурата во која бев избран за кандидат, СДСМ си поигра со внатрешната демократија па така прво распиша јавен конкурс, а потоа одлучи за својот кандидат кој го избраа во хотелот „Хилтон“ на затворен избор. Вистина е дека СДСМ постигна голем успех кај албанските гласачи на претходните избори, но денес незадоволството е големо кај сите гласачи без обѕир на етничката припадност. Власта тогаш беше добиена поради ветувањата дека ќе има правда, борба против корупцијата, дека животниот стандард ќе биде подобар, а во реалноста ништо од тоа не се случи. Јас се обраќам на сите граѓани и не ги делам по етничко потекло. Освен тоа третиот кандидат е Албанец, колегата Блерим Река, па уште во првиот круг ќе видиме дали Пендаровски има бланко поддршка од Албанците, и најважно од се, дали оваа власт е спремна и способна да организира фер и демократски избори – вели Силјановска.