Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Кисела Вода рече дека власта се водела од „фати го моментот и вработи ги своите“.
-Тие се водат од фати го моментот, вработи ги своите, стави го Уставот во џеб и биди покорен пред оние кои мислиш дека се посилни. Уставните промени може и треба да прозилегуваат само од народот, не однадвор. Оние кои нудат или сугерираат или наредуваат уставни промени однадвор немаат демократски легитимитет за тоа. Тие велат дека политиката е се. Оние однадвор се објетивни во оценките, велат дека економијата е неспособна, ја оценуваат во нула. За владеењето на правото ќе видите што ќе пишува во извештајот. А, тие велат дека биле толку успешни што ќе добиеле Нобелова награда за мир. Нам ништо не ни значи нивната Нобелова награда, тоа само не потсетува дека таа е тројански коњ, рече Силјановска.