Пратеничката Гордана Силјановска потенцираше дека е против вечното менување на функции – од градоначалник до министер, од пратеник во градоначалник. Таа нагласи и дека е опасно за демократските процеси една личност подолго време да биде на чело на Министерството за одбрана или на МВР.
Таа искритикува и дека функцијата вицепремиер за спречување корупција е несоодветна, бидејќи секој министер е потенцијален клиент на антикорупционерите.
– Владата е машка, а тука имаше феминистки кои маршираа, а како само 4 се, наспроти 16 мажи, против сум вечното менување од пратеник во градоначалник и во министер, тоа е опасно. Ги гледам колегите за внатрешни и за одбрана, а најопасно е да бидете на таа функција повеќе пати од познати причини и не постои министерство за политички системи и односи меѓу заедници, тоа е измислена категорија, а оној предлог за министер кој ќе управува за справување со корупцијата апсолутно е незамислив, затоа што министрите се потенцијални клиенти во корупцијата и тоа мора да биде тело надвор, имаме Антикорупциска комисија, нагласи Силјановска.