Гордана Сиљјановска Давкова, носител на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, денеска на Канал 5 истакна дека парламентот треба да биде граѓански дом, каде, рече таа, ќе се одржува дебатата според процедурите.
-Првата мерка да биде кога одиме надвор да ги користите најевтините превозни средства, а ние фантастични суми гледавме, да има контролна функција, да има пратенички прашања барем еднаш неделно. Не ми е пријатно кога има една во месецот секој четврток пратенички прашања, не ми е пријатно кога нема дебата во работните тела на собранието, не ми е пријатно кога закони се носеа по скратена постапка, не ми е пријатно кога нема вистинска дебата, не ми е пријатно кога има влада во која премиерот не може да си ги избере тимот, дури сум и за уставна измена, тимот е на премиерот и може да промени една третина. Ние не можеме да имаме две влади во една, три влади во една, да велат министри дека не им е претседател тој што е туку дека имаат друг – истакна Сиљановска Давкова.