Силјановска: Се надевам ќе дојде денот кога ќе се гласа за личност, а не за партија

by fokus

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на вечерашната трибина „Со гласање до одлука за нашата судбина“ во Ѓорче Петров рече дека се надева дека ќе дојде ден кога граѓаните индивидуално ќе го користат избирачкото право.

-Јас сум неверојатно благодарна на граѓаните оти велам се надевам дека ќе дојде денот кога нема партиите да бидат тие кои што ќе тргуваат со граѓанските гласови, туку секој сам индивидуално ќе си го искористи своето избирачко право зад кутијата верувајќи дека гласа, особено на претседателските избори, не за партија или не само за партија, туку пред се за личност. Затоа јас сум една од оние кои се огромни противници за избор на претседател во Собранието. Граѓаните се помудри, граѓаните знаат да направат прав избор, рече Силјановска Давкова.

Поврзани новости