621
Се почесто го слушам мојот противкандидат како вели дека имаме право на самоопределување, но тие се откажаа од правото на самоопределување, рече Гордана Силјановска Давкова, носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1.
-Правото на самоопределување е темелно право врз чија основа се создадоа Обединетите нации. Секој народ има право на своја држава, на свое име, на свое знаме, на своја химна, и на свој грб. Само ние имаме властодржци кои се откажаа од ова право – рече таа.