Професорката Гордана Силјановска која беше кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, пријавила во Антикорупциска комисија дека во штабот на избраниот претседател Стево Пендаровски за време на изборна кампања видела државен службеник во рамки на работното време.
Ова свое тврдење Силјановска го поткрепила со документација. Антикорупциска комисија на денешната седница ја разгледа оваа претставка на Силјановска.
Антикорупционерите соопштија дека станува збор за лице ангажирано од Министерството за финансии. Како што беше речено на седницата, лицето не било вработено како државен службеник во Министерството, туку ангажирано за консултантски услуги за конкретен проект.
Вработениот, рекоа антикорупционерите, немал статус на административен службеник, поради што ја отфрлија претставката на Силјановска. Освен тоа Министертството ги информирало и дека лицето користело годишен одмор, иако бил ангажиран со договор за консултантски услуги.
Маја Васева