Силјановска: Премногу тајкуни се појавија со приватизацијата, а на дното останаа сиромашните

by fokus

Пратеничката Гордана Силјановска, на продолжението на собраниската седница образложи зошто нема да гласа за новата влада.

– Досегашните промени беа врз основа на договори или врз основа на притисок однадвор. Доста отваравме пандорини кутии, да се занимаваме со демократијата, рече Силјановска, која појасни дека се залага за експертска влада, односно министри кои ќе бидат експерти во одредена област.

Таа истакна дека имало осиромашени луѓе чии интереси не ги застапувале од СДСМ.

-Премногу тајкуни се појавија со приватизацијата, а на дното останаа осиромашени луѓе, рече Силјановска.

Таа ја критикуваше и прогограмата на Владата.

-Јас не видов стратегија, освен онаа во однос на менување на името. Што сега со договорот со Бугарија и Преспанскиот договор? Дали имаме концепт што ќе правиме? САД не подржува, но ЕУ не се исти. Мора да најдеме решение, во 26 амбасади немаме наш човек, како ќе бидеме активни?, праша Силјановска.

Поврзани новости