Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со жителите на Општина Крушево.
На средбата Силјановска Давкова истакна дека никој во историјата не се борел за ова што денеска и се случува на Република Македонија, потенцирајќи дека Асномските одлуки не можат да се сменат со проглас, односно како што рече таа проглас не акт според правниците.
„Пролета е на прагот. Ние ја слушнавме француската министерка сега како вели договор е договор, го вклучивте. Но, ние се водиме од Копенхагеншки критериуми, владеење на право, просперитетна економија, справување со корупцијата и криминалот, стручна и компетентна администрација. Нив Македонија ги нема и не може да е волшебник премиерот и министрите. Не се тие волшебници тоа да го направат во ова кусо време што претстои. Зошто белки не беа сите 26 министри преокупирани само со Преспанскиот договор и со законот за употреба на јазиците. Што правеа сите овие години? Ништо. Ако е реформа да промените име, не знам каква реформа е тоа. Не, не пишува горе Северен Македониум, не пишува дека се бореле Илинденците за некаква си Северна Македонија. Никогаш никој во историјата не споменувал такво нешто, впрочем ги знаеме Асномските одлуки. Но, и нив ги забошотија па ги сменија со некаков проглас. Проглас не е акт, велиме ние правниците, рече Силјановска Давкова.