Силјановска пред својата родна куќа во Охрид: Тука почна мојот живот, во Народна Република Македонија

by fokus

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ја почна својата изборна кампања на полноќ од пред својата родна куќа во Охрид.

-12 часот. Полноќ, а јас стојам пред родната куќа во Охрид. Таму почна мојот живот во Народна Република Македонија. Ако треба да ја менувам личната карта ќе треба да излажам дека сум се родила овде во Република Северна Македонија. Темнина насекаде, како и во државата, посакувам светлина. Мислам дека моментов што го делам со вас, на почетокот на мојата кампања ќе биде почеток на крајот на една власт што не успеа дури и во еден од најубавите градови во Европа, а за мене и во светот, да ги искористи овие благодети што ги дала природата. Охрид не е само темен зошто е ноќ, туку е темен зошто си заминуваат младите, нема работа, за туризмот не се создадени услови за развој – порача Силјановска.

Поврзани новости