Силјановска: Пратениците кои ќе кренат рака за уставните измени ќе направат низа кривични дела

by fokus

Оние пратеници кои утре ќе кренат раце за уставните промени ја фалсификуваат историјата и со тоа прават не само неморален чин, туку и низа кривични дела, рече професорката од правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Гордана Силјановска Давкова, како гостин во „Отворено“ на Алфа телевизија .

Таа јавно го праша премиерот во која постапка преговара за нови амандмани.

-Се знае дека амандмани се поднесуваат во постапка по предлог Законот, тоа значи утре. Но кај нас се е надвор од процедурата. Ако го споредите првиот текст на Предлогот за отворање на Уставот, кој што беше испратен во Собранието ќе видите дека воопшто не кореспондира со Нацртот. Ако ние ги учиме студентите дека Уставот е над законите и ако сакаме да имаме правна држава тогаш Уставот е најважната рамка за политиката, но во Македонија тоа не важи.“, вели професорката.

Како што рече Силјановска, не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници.

-Јас сум шокирана од секојдневното папагалско тврдење на еден портпарол дека законот за референдум не содржел одредба за тоа кога е референдумот успешен или неуспешен. Значи си постои одредба која убаво вели дека за да биде референдумот успешен потребно е мнозинство од излезените, под услов да излегле најмалку 50 проценти, повеќе од половината. Тоа решение оваа коалиција го креираше и таа мораше да го почитува, вели Силјановска.

Професорката изјави дека поради три провинции во Грција кои се појавиле за прв пат на географската карта во 1987 година како региони, не како територијални единици, сега можат како сакаат и кога сакаат да го користат називот Македонија. А ние кои барем 74 години живееме во Република Македонија, повикувајќи се на правото на самоопределување мораме да внимаваме дека придавката „Македонија“ не смееме да ја користиме ни пред државните институции, кога во придавката е суштината.

Поврзани новости