Силјановска поднела кандидатура на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат

by fokus

Професорката, Гордан Силјановска, е меѓу девет кандидатури поднесени на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат. Порталот „Лидер“ пишува дека професорката се пријавила на огласот по иницијативата на 30 интелектуалци, кои побараа од неа да се кандидира за претседател.

Покрај неа кандидатури се поднесени и од пратеникот Владимир Ѓорчев, Филип Петровски и од уште шест други кандидати кои се помалку познати на јавноста.

Помеѓу нив има имиња на професори од Машинскиот факултет и Природно математичкиот факултет. Кандидатура поднел и еден поранешен градоначалник на Виница, како и претседателот на Комората за енергетика.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател ќе се знае на Конвенцијата на 16 февруари во Струга.

Поврзани новости