Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова попладнево од Македонски Брод порача дека оваа власт треба да си замине, а со нивен пораз на претседателските избори да бидат испратени на, како што рече, незаслужен одмор.
-Немам верба дека во јуни ќе добиеме датум. Европската Унија си има сериозни сопствени проблеми и се разбира секој секогаш треба да се води од сопстевните интереси, така и ние нашите национални интереси треба меѓу себе да ги решаваме, со коснензус, а најмногу со народот, а тие сите ги заборавија. Треба да има разни кочници и спреги за никој да нема премногу власт, тогаш ние граѓаните ќе имаме слобода, а тоа кај нас го нема. Нема ден да не чуеме за нов скандал, само за економија нема да чуеме една убава вест. Си додаваат само нули, а веќе се докажа дека економијата ни е нула. Со таква економија не се чекори кон Европа. Затоа, да победиме на изборите и да ги испартиме на незаслужен одмор, оти ништо не сработија. Па на крајот на мандатот да ветат и да го спроведат тоа дека ќе распишат предвремени парламентарни избори. Само така знаењето од најумните, од оние надвор да ги замолиме да се вратат во најтешките моменти со ветување дека најдобрите ќе бидат на највисоките места. Така ќе ги задржиме децата, и ќе ги натераме да размислат дали и дома не може да градат европска Македонија, рече Силјановска Давкова.