Кандидатите за претседател на државата Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова на соочување на Македонската радио-телевзија на која ги спротивставија своите аргументи, синоќа кажаа зошто сметаат дека треба да ја добијат довербата на гласачите во вториот круг.
Силјановска рече дека држи до зборот, зашто и е најважен и дека нејзината филозофија не е „кажувам-заборавам-негирам, туку кажувам-помнам и остварувам“.
–Европски стандарди – тоа е и филозофијата на мојата програма, Ќе сторам сè за да станеме демократска, пристојна, досадна држава во која ќе владее правото, а не поединци и групи. Затоа што сум жена и изборот на жена претседателка е доказ за деморкатски капацитет за оваа земја. Затоа што постојано ќе го убедувам народот дека сум таму за нив, а не за мојата кариера. Ако сум успеала во кариерата, сигурно мојот збор ќе тежи и во политиката. Ќе направам се она што го збрувам да го реализирам, рече Силјановска.
Таа го негираше тврдењето на Пендаровски дека му била советник на претседателот Ѓорге Иванов.
– Никогаш не сум била советник на Иванов, беше Шкариќ. Откако е избран Иванов само еднаш го видов во врска со Професорскиот пленум и Законот за високо образование, кога го замоливме да стави вето на Законот, рече Силјановска.