Силјановска: Ни на крај на умот не ми е да речам дека ќе го укинам Преспанскиот договор, но ќе формирам комисија

by fokus

На крај на умот, како професор по Уставно право, не ми е да речам дека ќе го поништам или укинам Преспанскиот договор – таа надлежност му припаѓа на Уставниот суд, но нашиот Уставен суд не работи уставно, рече професорката Гордана Силјановска, кандидатка за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.

-Новото име од аспект на правото ми е неприфатливо решение и доколку победам ќе формирам комисија што ќе се занимава со тоа и ќе укаже на правните недоследности согласно меѓународното право, рече Силјановска.

исечок 3 „Само вистина“ 25.2.2019

Дел од вечерашната #СамоВистина со Гордана Силјановска–Давкова- Не ми е на крај на умот да го укинам Преспанскиот договор, тоа е работа на Уставниот суд. Новото име од аспект на правото ми е неприфатливо решение и доколку победам ќе формирам комисија што ќе се занимава со тоа и ќе укаже на правните недоследности согласно меѓународното право.

Publiée par Канал 5 Телевизија sur Lundi 25 février 2019

Поврзани новости