Силјановска: Немав ништо со финансиите во кампањата, Јанушев потпиша

by fokus

Професорката Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на ТВ 21 се огради од финансискиот дел од претседателката кампања, и коментирајќи го извештајот на УЈП дека ВМРО-ДПМНЕ ја затворила изборната сметка со долг, рече дека таа немала ништо со финансирањето на кампањата и дека потпишувал генералниот секретар, Игор Јанушев.

-Не сум размислувала за тоа да бидам на изборна листа, не сум добила таква понуда. Не можам да прејудуцирам. Правам разлика тоа тоа да бидете претседател на сите граѓани, а ова е нешто друго. За вакви работи не ме консултираат, можеби и јас бегам од таков однос. Јас кога зборам за стратегија, зборувам за коцепти, малку министерства, не треба заменици…. Што се однесува до УЈП и финансирањето на претседателската кампања, кога беше кампањата кажав дека не сакам да имам ништо со финансиите, Јанушев потпиша и тоа беше, рече Силјановска.

Поврзани новости