Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претседателот и членовите на Управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).
На средбата, како што соопшти тимот на Силјановска Давкова, се разговарало за учеството на стручната јавност во донесување законски решенија и регулативи, пред се на Законот за градење и Законот за просторно и урбано планирање, како и за вклучување на граѓаните во процесите и нивно поставување како одлучувачки фактор.
Силјановска Давкова денеска присуствуваше и на дебата на тема: „Прва жена Претседателка?“ што се одржа во Ценатрот за дизајн и иновации „Јавна соба“. На дебатата се обратиле професорките Каролина Ристова Астеруд и Елка Јачева Улчар и режисерот Јани Бојаџи.
– Сржта на дебатата се состоеше во разгледување на различните влијанија кои учеството на Силјановска Давкова ги има на овие избори, се наведува во соопштението од тимот на кандидатката.